елов | прид.

Што е од ела, што се однесува на ела.

еловина | ж.

Градежен материјал од ела.

елоквентен | прид.

Што умее убаво да зборува, да се изразува.

елоквенција | ж.

Речовитост, елоквентност.

ем | сврз.

Составен, копулативен; и, притоа. Патот беше долг ем тежок.

емајл | ж.

Смеса од разни метални оксиди, безбојни или обоени, со која се премачкуваат метални, глинени и стаклени предмети, за по печењето да се добие стаклест заштитен слој, што не пропушта вода.

емајлира | св. и несв.

Премачка, премачкува со емајл.

емајлиран | прид.

Обложен со емајл. Емајлирани садови. Емајлирани кади.

еманципација | ж.

Осамостојување, ослободување од зависност, здобивање со основните човекови права.