еманципира се | св. и несв.
Стане, станува рамноправен и независен, ослободувајќи се од некои ограничувања. По овие промени жените бргу се еманципираа.
ембарго | ср.
Забрана на извоз или на увоз на стоки или на други вредности.
ембрион | м.
Зачеток на човек или на животно во почетниот стадуим на развитокот.
ембрионален | прид.
Што се однесува на ембрион, што е во фаза на ембрион. Ембрионален развиток.
еми | чест.
емигрант | м.
Тој што се наоѓа во емиграција.
емиграција | ж.
Доброволно или принудно иселување од една земја во друга од различни причини (политички, економски и др.).
емигрира | св. и несв.
Се исели, се иселува, од својата земја во друга. Тој емигрира во Белгија уште пред десет години.
еминентен | прид.
Угледен, истакнат, примерен. Еминентен претставник.
еминенција | ж.
Угледност, истакнатост, возвишеност.