еозоик | м.

Период од развојот на Земјата карактеристичен по појавата на првите живи суштества.

Еолец | м.

Припадник на старогрчко племе.

еолит | м.

Најстариот период од камената епоха кога луѓето правеле примитивни орудија од камен.

еп | м.

Литературна творба во стихови во која се опеани нечии херојски дела или значајни историски настани

епарх | м.

Лице што управува со епархија, епископ.

епархија | ж.

Црковна област со која управува епископ, епарх.

епигон | м.

Приврзаник на научен, идеолошки или уметнички правец што се држи за идеите и методите на своите претходници и не покажува творечка оригиналност.

епигонство | ср.

Дејност, резултат од работата на епигон; имитација.

епиграм | м.

Кратка сатирична песна, обично со политичка или со поучна содржина.

епиграф | м.

Натпис на надгробен споменик, на некаква градба и сл. Епиграфите го откриваат нашето минато.