епиграфика | ж.
Помошна историска наука што се занимава со старите натписи пишувани на тврд материјал (камен, дрво, метал и сл.).
епидемија | ж.
Широко распространета заразна болест од која заболеле поголем број луѓе, животни или растенија. Епидемија на чума и на колера. Епидемија на бруцелоза кај овците. Епидемија на компирова златица.
епидемиолог | м.
Специјалист по епидемиологија.
епидемиологија | ж.
Дел од медицината што ги проучува појавата, ширењето и лекувањето на заразните болести.
епидерм | м.
Површинскиот слој на кожата
епизода | ж.
Случка, настан што претставува само еден дел од некаов крупен настан, случување или раскажување. Вакви епизоди во неговиот живот имаше многу. Интересна епизода.
епизоден | прид.
Спореден, што учествува само во дел од целоста, случаен. Епизоден лик. Епизодна улога. Епизоден минувач. Епизодна личност.
епизодист | м.
Лице што игра епизодни улоги, што нема главна улога (во филм, во театар итн.) Тој беше само епизодист, ама остави голем впечаток кај сите.
епизодичност | ж.
Случајност, споредност. Тоа е една неповторлива епизодичност, која нема никакво значење за нас.
епика | ж.
Еден од литературните родови (покрај лирика и драма), кој се карактеризира со опширно и објективно раскажување на некоја случка или настан без да се внесуваат субјективни чувства. Народна епика. Јуначка епика.