железарница | ж.

Топилница и леарница на железо. Железарницата работеше со намален капацитет.

железарство | ср.

Занает на железар;

железен | прид.

Што е од железо. Железна прачка. Железен кревет.

железница | ж.

Сообраќајно средство за превоз на стока и патници со единствен заеднички пат, пруга, шини и сите постројки на пругата; железнички возни средства и техничко-комерцијална организација што ги организира и регулира сите дејности во врска со тоа. Работи на железница. Подземна железница.

железничар | м.

Лице што работи во железница.

железо | ср.

(само едн.) Хемиски елемент, метал со сребрено-белузлава боја; симбол Fe. Железото е единствен апсолутно неопходен елемент за растенијата.

желен | прид.

Што чувствува желба, што сака некого или нешто. Желна бев за тебе. Тој беше желен за добра музика.

желка | ж.

Копнено и водно животно покриено со цврст оклоп што се движи бавно на четири нозе, кои заедно со главата може да ги вовлече во оклопот; Emys orbicularis. Во капиновите грмушки шушкаа желки.

желкин | прид.

Што припаѓа на желка или што е од желка. Желкини јајца. Желкина корупка.

желник | м.

Лице што посакува нешто; копнее, страда за нешто.