житовино | ср.
житороден | прид.
Што дава многу жито, што раѓа жито. Житороден крај. Житородни полиња.
жица | ж.
Усукана нишка; конец. Конец од три жици.
жичарница | ж.
жичен | прид.
Што е од жица. Жичена ограда.
жичница | ж.
Превозно средство со кабини или со отворени седишта што се влечат со жица. Жичницата од Тетово до Попова Шапка повторно е пуштена.
жишка | несв.
жишне | св.
жлеб 1 | м.
Долга тесна вдлабнатина на некој предмет во којашто влегува испапчениот дел од друг предмет. Жлебовите на фиоката не лежеа добро. Тркалото излезе од жлебот.
жлеб 2 | м.
Голема бочва за превоз на грозје, сливи и сл. Жлебовите беа полни со грозје.