заноќева | св.

Остане некаде преку ноќ, се затекне некаде кога настапи ноќ и таму преноќи. Тие заноќеваа во една овчарска колиба.

заноќи | св.

безл. а) се заноќи. Надвор заноќи. б) Ме (те, го...) фати ноќ. Ме заноќи додека дојдов.

занурка (се) | св.

Почне да (се) нурка; (се). Децата (се) зануркаа во езерската вода.

заобиколен | прид.

Што овозможува заобиколување; заобиколи 2. Заобиколен пат.

заобиколи | св.

а) Се постави околу некого или околу нешто; опколи. Коњаниците го беа заобиколиле во тесен круг. Тие го заобиколија да не може да избега. б) Помине, заврти околу нешто. Тој ја заобиколи масата и се доближи до неа.

заобиколка | ж.

Заобиколување на нешто, поминување околу нешто. Тој направи заобиколка и дојде дома од другата страна.

заобиколница | ж.

Пат што служи за заобиколување на нешто. Се прави заобиколница околу градот.

заоблаченост | ж.

Состојба кога небото е со малку облаци.

заоблачи се | св.

За небо – почне да се покрива со облаци. Небото се заоблачи.

заоблекува | св.

Почне да облекува некого или на себе нешто. Само што го заоблекува, детето почна да плаче. Таа ја заоблекува блузата наопаку.