замрлуши | св.
замрмори | св.
Почне да мрмори; Штом ме видоа, замрморија со неразбирливи гласови.
замрсен | прид.
Што е заплеткан, исплеткан. Замрсен јазол. Замрсена волна.
замрси 1 | св.
За конец, за јаже, за коса и сл. – направи да биде во неред; заплетка, исплетка. Таа го замрси конецот со кој везеше. Ветрот ѝ ја замрси косата.
замрси 2 | св.
Почне да мрси, да јаде мрсна храна. Одвај дочека да заврши постот и да замрси.
замуабети | св.
Почне да прави муабет. Двете жени гласно замуабетија.
замука | св.
Почне да мука; мука. Наблизу некаде замукаа крави.
занает | м.
Стопанска дејност (производство, обработка, разни услуги) што се извршува предимно рачно (со соодветен алат, со машини) од стручно оспособени лица. Ѕидарски занает. Столарски занает. Терзиски занает.
занаетчија | м.
Тој што се занимава со определен занает. Чевларски занаетчија. Занаетчиите од чаршијата имаат свое здружение.
занаетчиски | прид.
Што се однесува на занаетчијаи на занает. Занаетчиска работа. Занаетчиска работилница.