заод | м.

залез_1 Сонцето е веќе на заод.

заоди | св.

Почне да оди. Луѓето полека заодија кон црквата. Скокна преку ѕитчето и заоди низ пченката.

заокружи | св.

Направи круг околу нешто. Заокружи го точниот одговор на задачата.

заора | св.

Почне да ора; ора. Денес ја заорав нивата. Тој го заора стрништето.

заори се | св.

Почне да се ори. По улицата се заорија весели песни.

заорок | м.

Прва бразда во орањето. Само што го заврши заорокот, коњот застана.

заортачи | св.

Фати ортак, зеде некого за ортак. Заортачи еден од своите другари.

заостави | св.

Занемари, запостави, запушти некого или нешто. Тој се оддаде на пиење и ја заостави работата.