заоставштина | ж.
заостанат | прид.
Што се наоѓа назад, зад другите. Заостанато јагне.
заостане | св.
Остане назад, зад некого, при движење. Тој падна и заостана зад другите што трчаа напред.
заострен | прид.
Што е остар; заостри 2. Заострен врв.
заостри | св.
Почне да остри. Од кога го заострил ножот и уште не го наострил.
заофка | св.
Почне да офка. Заофкаа ранетите војници.
запавне | св.
запавта | св.
павта.
запаѓа 1 | св.
Почне да паѓа едно по друго. Запаѓаа крупни капки дожд.
запаѓа 2 | несв.
Пропаѓа, осиромашува. Тој запаѓаше од ден на ден сè повеќе.