запетла | св.

Соедини, спои два дела на облека, обувки и др. со помош на петлица, на патент и сл.; закопча. Тој ја запетла кошулата. Таа одвај си го запетла фустанот.

запечатен | прид.

Што е затворен со печат. Запечатено писмо.

запечати | св.

Затвори нешто со печат. Сите вагони беа полни и запечатени. Службеникот го запечати писмото.

запече 1 | св.

Почне да пече храна. Од кога го запеков лебот во фурната и уште не е готов.

запече 2 | св.

Предизвика запек. Чоколадото може да те запече.

запие | св.

Почне да пие. Гостите запија вино и ракија.

запина | несв.

запир | м.

Застанување, застој, прекин. Реката шумеше без запир. Коњот јуреше по ливадата без запир.