запровира | св.

Почне да провира нешто (низ игла, низ отвор и сл.). Таа го запровира конецот низ иглата.

запролети се | св.

Почне да доаѓа пролет. Годинава рано се запролети.

запроси | св.

Почне да проси, да пита. Тие запросија по околните села.

запрпа | св.

За птица – почне да прпа. Ластовицата запрпа со крилјата.

запрска | св.

Почне да прска со вода или со друга течна материја. Го намести цревото на чешмата и запрска вода по цвеќињата и по тревникот. Од раната запрска крв на сите страни.

запруса | св.

Почне да пруса. Девојката запруса по тесната улица.

запршка | ж.

Брашно запржено во масло (обично со кромид и со црвен пипер) што се додава во јадењето. Во кујната мирисаше на запршка.

запт | м.

Строго утврден ред, дисциплина. Војската не беше навикната на запт.

заптиса | св.

заплени.

заптија | м.

Турски стражар. Вооружени заптии.