заплеткан | прид.
Што е нејасен, неразбирлив. Заплеткана ситуација. Заплеткани прашања.
заплива | св.
Почне да плива. Тој заплива уште побрзо. Тие запливаа кон брегот.
заплиска | св.
Почне да плиска со течност, обично со вода. Го заплискаа со вода за да се освести.
заплисне | св.
заплови | св.
Почне да плови. Бродот заплови кон исток.
заплоди | св.
За животно – оплоди.
заплука | св.
Почне да плука. Децата заплукаа по патот.
заплуска | св.
заплиска_2_3
запне | св.
а) Запре, наиде на пречка при движење. Ралото запна на една жила од коренот на оревот. б) Закачи дел од облеката за нешто при движење. Тој ги запнал панталоните на една грмушка и ги скинал.
заповед | ж.
Тоа што писмено или усно се наредува да биде задолжително исполнето; наредба. Царска заповед. Даде заповед. Се чека заповед. Ја исполни мојата заповед. Излезе заповед за декларирање на стоката.