запопи | св.

Ракоположи за свештеник, за поп. Владиката запопи по еден поп во секое село.

запорева се | св.

Почне да се порева. Се запорева, за малку ќе паднеше.

запори | св.

Почне да пори. Небото го запорија молњи.

запорник | м.

Тој што сакајќи се со некоја мома ја запира да се засака со друг и да се омажи; љубовник; несуден маж. Калино, сестро Калино, / тува е гора зелена, / тува је ајдутин Никола, / Никола, твојо запорник.

Запорожје | ср.

Град во Украина.

запоставен | прид.

За кој не се води доволно грижа, што е занемарен. Запоставено дете. Запоставени обврски.

запостави | св.

Не поведе грижа, не обрне доволно внимание, занемари некого или нешто. Тој си го запостави семејството. Таа го запостави учењето.

запости | св.

Почне да пости. Таа запости неколку дена пред празникот.

запотера | св.

Го снајде некого нешто, обично непријатно, лошо и во поизразена мера. Како го запотера од некое време, само по доктори оди.

запоти | св.

Накити, искити куќа и др. со зеленило; Таа ја запоти целата куќа со лескови прачки.