запустикуќа | м.
Лице што премногу троши, што ја пусти куќата; расипник. Го биеше глас дека е запустикуќа.
запустувачка | ж.
Уништување, опустошување. Селаните бегаа од селата за да се спасат од запустувачките на беговите.
запуши | св.
Почне да пуши. И двајцата седнаа и запушија.
запуштеност | ж.
Состојба на тој што е запуштен и на тоа што е запуштено.
запушти | св.
Не води грижа за некого или за нешто, занемари; Тој ги запуштил своите стари родители. Куќите во селото ги запуштиле.
запче | ср.
запчен | прид.
Што има запци, што е со запци.
запченик | м.
Тркало со запци. Преносен запченик.
запчест | прид.
Што има запци, што е со остри врвови како запци. Запчест лист. Запчести планини.
запчи | несв.
Прави запци. Тој го запчеше стапот.