заради | предл.
Цел, намера. Засилена е активноста на пазарната инспекција заради сузбивање на шверцот со цигари. Ќе направиме куса пауза заради усогласување на ставовите.
зарадува | св.
Причини некому радост. Тој го зарадува татка си со постигнатиот успех. Господ ќе нè зарадува и нас со дечиња.
зарадуван | прид.
зараза | ж.
Причинител на болест што се пренесува од еден организам на друг. Буништата се извор на зарази.
заразврзе | св.
Почне да разврзува, да одврзува. Тој го заразврза јажето.
заразен 1 | прид.
Што има зараза, што содржи зараза. Заразена крв. Заразени продукти.
заразен 2 | прид.
Што заразува, што предизвикува зараза. Заразна болест.
зарази | св.
Предаде, пренесе зараза некому. Тој ги зарази и другите деца со жолтица.
заразмавта | св.
Почне да размавтува. Тој заразмавта со рацете.
заракоплеска | св.
Почне да ракоплеска. Сите заракоплескаа.