забрца | св.

Почне да брца; брца_1_2 Детето ги забрца рацете во водата. Тој ја забрца раката во торбата.

забрчи | св.

Почне да брчи; Забрчи автомобил по нашата улица. Забрчија пчелите околу улиштето.

забувта | св.

Почне да бувта;

забуди | св.

Почне да буди некого;

забули | св.

Направи некој да стане була, направи була, потурчи жена. Бегот ја забули најубавата мома во селото.

забуна | ж.

Збунетост, несигурност, недоумица. За да ја скрие забуната, зачепка околу радиото. Таа ја виде неговта забуна, но не разбра одошто е. Нејзиното плачење ме фрли во забуна и немир.

забуни | св.

Предизвика забуна, збуни, збрка. Неговата постапка ги забуни присутните.