забричи | св.

а) Почне да бричи некого; бричи Берберот го забричи младото момче. б) Почне за првпат да бричи некого; бричи Утре кумот ќе го забричи младоженецот.

забрише | св.

Избрише нешто малку, згора-згора. Ја забриша потта од челото. Ги забриша со ракавот насолзените очи. Ќе си ги забришете чевлите и ќе влезете внатре.

забрка 1 | св.

Замеша, измеша нешто. Брашното го забрка со вода.

забрка 2 | св.

Почне да брка;

забркан | прид.

Што е заплеткан, нејасен; забрка1_2 Оваа работа му изгледаше премногу забркана.

забрливи | св.

Направи некој да стане брлив. Пијачката го забрливи.

заброди | св.

Почне да броди; броди Забродија по синото море.

заброи | св.

Почне да брои; Замижа и ги заброи ударите по грбот. Тој ги заброи парите.

забрсти | св.

Почне да брсти. Козата забрсти од младото дрвце.