забуричка | св.
Почне да буричка; буричка_1_2 Со машата забуричка низ жарта. Го отвори долапот и забуричка низ наредените шишиња.
забута | св.
Почне да бута; бута. Ја забутаа колата по патот.
забутан | прид.
Што е оддалечен, изолиран, зафрлен. Забутано село.
забуца | св.
Почне да буца; буца_1_2 Кравата се разлути и ја забуца жената.
забучи | св.
Почне да бучи; Камионот забучи. Ушите силно му забучија.
забушави | св.
Почне да бушави; Нежно ја забушави по косата.
заваби | св.
Почне да ваби. Тој излезе во дворот и ги заваби кокошките.
завади 1 | св.
Почне да вади; Ги завади компирите од вреќата.
завади 2 | св.
Почне да полева; Ги завади цвеќињата во дворот.
завал | изв.
За искажување жалост, сочувство. Нигде завал лика јас не најдов, лика спрема мене.