зашушка | св.

Почне да шушка; шушка. Зашушка еж во сувите лисја. Во ходникот некој влезе, зашушка виндјакна.

зашушука | св.

Почне да шушука. Двете жени што стоеја пред порта зашушукаа. Штом се појави на вратата, сите зашушукаа.

заѕвери се | св.

Почне да се ѕвери. Му се заѕвери во очите. Сите се заѕверија во неа.

заѕвечи | св.

Почне да ѕвечи. Кутијата падна на земјата и заѕвечи силно.

заѕвиска | св.

За коњ – почне да ѕвиска, да 'ржи. Ранетиот коњ заѕвиска.

заѕвони | св.

Поѕвони кратко. Две деца заѕвонија на вратата.

заѕенѕа | св.

Почне да ѕенѕа. Тој заѕенѕа низ собата.

заѕида | св.

Почне да ѕида, да гради; ѕида. Утре ќе ја заѕидаме новата куќа.

заѕуни | св.

Почне да ѕуни; ѕуни. Одеднаш заѕунија оргулите. Прстенот заѕуни на камениот под. Рој муви заѕунија во тишината.