заѕури | св.
Почне да ѕури, да се загледува во некого или во нешто. Таа се заѕури во него. Се заѕуриле со очите вземи.
зајави | св.
зајави се | св.
Почне да се јавува, да се покажува. Од далечината се зајавија две силуети.
зајаде | св.
Почне да јаде; јаде. Децата зајадоа од манџата.
зајадлив | прид.
Што сака да задева, да исмева некого, да зајадува. Зајадливо дете. Зајадлива девојка.
зајадливец | м.
Зајадлив човек. Тој беше злобник и зајадливец.
зајадри се | св.
Стане јадро, крупно или појадро, покрупно. Кајсиите се зајадрија.
зајази | св.
Загради нешто со јаз. Зајазија еден дел од дворот.
зајази се | св.
Почне да се јази, да се качува. Се зајази по околните карпи.
зајак | м.
Плашливо диво животно од фамилијата глодачи со долги задни нозе и долги уши; Lepus. Див зајак. Брз како зајак. Лов на зајаци