зајакне | св.
Стане појак, посилен; закрепне (по болест и сл.). Таа зајакна по прележаната болест. Од добрата храна коњите брзо зајакнаа.
зајачарник | м.
Специјално направено место, простор, кафез за одгледување питоми зајаци. Сечеше штици за да направи зајачарник.
зајачи | св.
Почне да јачи, да стенка, да офка; јачи. Тој зајачи и гласно заплака. Зајачи во сонот.
зајачки | прид.
Што се однесува на зајак, што припаѓа на зајак. Зајачко месо. Зајачка дупка. Зајачка каша.
зајачковина | ж.
Вид растение со ишарани листови со пурпурно–црни дамки, светлоцрвени цветови и со ситни, кожести плодови во вид на меур; Colutea arborescens.
зајачковица | ж.
зајде | св.
За сонце, за месечина – се изгуби, исчезне од хоризонтот. Сонцето зајде зад шумата. Сонцето само што не зашло.
зајдисонце | ср.
Заоѓање на сонцето; залез. Си дојде дома пред зајдисонце. Од терасата го гледаше зајдисонцето.
зајко | м.
зајми | св.
Зее на заем од некого. Тие зајмија пари од нас. Тој зајми жито од брата си.