завари 2 | св.
Почне да вари; вари_1_2 Завари тиква во котелот.
завари 3 | св.
Спои делови од метал со силно загревање. Ги завари деловите на оградата.
завароса | св.
Почне да варосува. Ја завароса одајата и ја остави.
заварувач | м.
Тој што заварува; Заварувачот го стави шлемот на глава и почна да работи.
завдаде се | св.
Се занесе, премногу се внесе во нешто. Таа се завдаде во плетењето. Како да се беше завдал во чекорењето.
завеан | прид.
Што е затрупан, покриен со снег, со песок и сл. Завеан пат. Завеани ридови.
завеанко | м.
Тој што е завеан;
завева | несв.
заведе | св.
Насочи некого на погрешен пат, направи да заскита, да не стигне на целта. Овчарот ја заведе потерата во погрешен правец. Кучињата со својот лаеж нè заведоа кон шумата. Чадот од огновите над буките ја заведе полицијата.
заведен | прид.
Глаголска придавка од заведе.