збирштина | ж.
Куп нешта без вредност. Книгата е збирштина од неуспешни поетски обиди. Во гаражата чуваа збирштини од сѐ и сешто.
збит | прид.
Стегнат, згуснат; Збит уметнички израз. Збити овошни дрвца. Збита трева. Збити килими.
збитак | м.
збиток | м.
Несмасен, кус и дебел човек. Тој беше збиток со споени веѓи и без врат. Тешко можеше да му се спротистави на тој збиток.
збитолист | прид.
Што има густи лисја. Збитолист дрен. Збитолисти врбови ветки. Одвај го забележа од зад збитолисната грмушка.
зблазни | св.
зближи | св.
За предмет – направи да биде нешто поблиску; приближи. Ги зближија двата кревета и се доби еден брачен. Зближи ги столовите еден до друг.
зближувач | м.
Тој што зближува. Овој наш автор е зближувач на две книжевни генерации.
зближувачки | прид.
Што зближува. Зближувачки фактор.
зблуе | св.
Почувствува нагон за повраќање. Не можам да гледам отворени рани, ќе ми се зблуе.