збоботи | св.
збогати | св.
а) Направи некој да стане богат со пари, со материјални блага. Таа работа може да те збогати. б) (прен.) Подобри, прошири, унапреди нешто. Неговите дела ја збогатија македонската поезија и книжевност. Ваквите емисии ги збогатуваат нашите познавања за далечните земји.
збогување | ср.
Поздрав. Замина без збогување.
збогува се | несв.
Се поздравува при разделба; се простува, се разделува. Му остана време уште да се збогува. Со солзи во очите се збогуваше од родниот крај.
збогум | прил.
Поздрав при разделба. Збогум, пријателу мој.
збодина | св.
Јавачот упорно го збодинаше коњот. Коњот збодинаше како луд.
збодне | св.
бодне. Двајцата ги збоднаа коњите и за два часа беа во селото.
збоктиса | св.
зболи | св.
Заболи силно одеднаш; штрекне. Ме зболе забот. Скокна две скали одеднаш и го зболе глуждот.
зболсне | св.