збратименост | ж.

Состојба на блискост, пријателство, братство. Збратименоста на градовите овозможи блиска културна соработка. Збратименоста со тоа семејство многу му помогна во најтешките моменти.

збратими | св.

Зближи со некого; поврзе некого со братство, со големо пријателство. Сличната судбина ги збратими. Вчера нашиот градоначалник со неговиот колега гостин ги збратимија двата града.

збрден | прид.

Што е со нагорница; стрмен. Збрден брег. Збрдна нива. Збрдно место.

збрднина | ж.

Нагорница, стрмнина. Под селото имаше страотна збрднина.

збрише | св.

Разурне, срамни со земјата; уништи; сотре. Ветрот ги збриша тукушто насадените цвеќиња. Болеста како да го збриша половина село.