збрка 1 | св.

Измеша, исплетка. Мачето ми ги збрка конците.

збрка 2 | св.

Почне одеднаш да брка, да гони некого. Домаќинот се појави пред куќата и ги збрка децата.

збрка | ж.

Мешаница, недоразбирање. Голема збрка. Се направи невидена збрка околу тоа.

збркан | прид.

Што е збунет, конфузен. Збркана старица. Збркани првачиња.

збркотија | ж.

Мешаница, бркотија, бркотница. Настана голема збркотија, сите зборуваа одеднаш.

збрливи | св.

Побудали некого. Несреќната случка ја збрливи жената. Постапката на синот ги збрливи родителите.

збрложи | св.

Збуни некого. Ненадејното невреме ги збрложи луѓето.

збрмчи | св.

За инсект, машина и сл. – одеднаш ненадејно почне да брмчи. Му збрмчи бумбар негде околу цвеќињата на балконот. Моторот збрмчи покрај него.

збрца | св.

Одеднаш брцне нешто некаде. Детето несмасно го збрца прстот во растопеното чоколадо. Ја збрца раката во џебот и извади ливче.

збрчи | св.

Одеднаш ненадејно почне да брчи. Збрчеа пчели во кошницата. Се даде знакот за старт и моторите збрчеа.