звучник | м.
Направа којашто електричните импулси ги претвора во звук. Во училиштето учениците ги известуваа преку звучник. Од звучниците ечеше музика.
зѓаволи се | св.
Стане немирен, палав. Момчето откако порасна се зѓаволи. Човекот се зѓаволи.
згади се | св.
гади_1 Таа се згади од бубачката.
згази | св.
Нагази; гази 1, 2. Мајсторите ми ги згазија цвеќињата. Немаше од каде да помине и згази во вирот. Згази на лушпа од банана и се лизна.
згазне | св.
згази_1 Танцувајќи тој ја згазна девојката. Жената го згазна мажот и му даде знак да престане.
згака | св.
Згакаа гуските во дворот.
зган | м.
згасне | св.
гасне_1 Згасна огнот. Згасни ја ламбата.
згине | св.
Исчезне, се изгуби, го снема. Згина сонцето. Згинаа сеќавањата за детството. Му згина здивот во градите.
зглавје | ср.
Перница на која се става главата при спиење. Мајката му го поднамести зглавјето на детето. Го чуваше писмото под зглавјето.