зван | прид.

Во изразот – звани и незвани – викани и невикани, канети и неканети; кој треба и кој не треба, на кој му е местото (некаде) и на кој не му е, кој има право (на нешто) и кој нема.

звање | ср.

Степен во дејност, во професија. Тој веќе има звање редовен професор. Неговото звање е помошник пилот.

звателен | прид.

звук | м.

Брановидно движење, треперење што се пренесува низ еластична средина и се прима со сетилото за слух. Ритмичен звук. Пријатни звуци. Го заглуши звукот од камбаните.

звуков | прид.

Што се однесува на звук; што се состои од звуци.

звукомер | м.

Направа за мерење на силата на звукот; фонометар.

звучен | прид.

Што се однесува на звук, најчесто како дел од термини. Звучен извор. Звучни бранови. Звучни ефекти.

звучи | св.

Дава, произведува звук. Во неговите раце виолината звучеше божествено.