заветува (се) | св.

Даде завет. Му заветува верност, но го погази заветот.

завечера | св.

Почне да вечера. Се собраа сите околу трпезата и завечераа.

завечери се | св.

Почне да настапува вечер; се стемни. Одамна се беше завечерило. Се завечери, а него уште го немаше дома.

завешта | св.

Подари, остави нешто како наследство со документ, тестамент. Таа им завештала на своите ќерки многу пари. Тој пред смртта му го завештал целиот свој имот на внукот.

завештание | ср.

Документ во кој определено лице изјавува што и кому остава во наследство; тестамент. Неговото завештание беше мало и скромно. Го чува завештанието од предците.

завештател | м.

Лице што завештава, што остава нешто во наследство. Завештателот беше најбогатиот човек во градот.

завибрира | св.

Почне да вибрира. Гласот ѝ завибрира како напната струна на виолина.

завива 1 | несв.

завива 2 | несв.

завивка | ж.

Ткаенина што служи за покривање; покривач. Се пикна под топлата завивка и заспа. Секоја девојка што се мажи носи постели и завивки.