завидели се | св.
завиден | прид.
Што се истакнува со нешто; што е многу добар, значителен, голем. Завиден успех. Завидни приходи.
завиди | св.
Почувствува завист спрема некого поради успех, среќа, убавина и сл. Понекогаш ми доаѓа да ти завидам. Сте покажале успеси на кои секој може да ви завиди. Му завидоа на заработувачката.
завидлив | прид.
завидливец | м.
завие 1 | св.
завитка.
завие 2 | св.
Почне да вие; Далеку во планината завија волци. Зави ладен ветер. Во претпладневната тишина завија сирените.
завиен | прид.
глаг. прид. Што е завиткан, замотан со нешто. Тој доаѓаше во кафеаната со завиен врат.
завијок | м.
завика | св.
Почне да вика; вика_1_2 Завика овчарот по нас и се стрча надолу. Уште од надворешната врата завика по жена си.