завери се | св.

Се заколне, се зарече, даде завет. Се завери дека еден ден ќе се врати во родното место.

заверка | ж.

Службено заверување, ставање потпис, печат и сл., со што се потврдува исправноста на некој документ; Книшката има свеж печат и уредна заверка со датум од овој месец.

заверува | св.

Почне да верува; поверува;

заверувач | м.

Тој што заверува; Заверувачот ми ги завери сите документи.

завеса | ж.

Покривка за прозорец што служи за заштита од сонце, од туѓи погледи и сл.; перде. Бели завеси. Кратки завеси.

завесла | св.

Почне да весла. Завеслаа спроти текот на реката. Завесла со сета сила.

завет 1 | м.

Место заштитено од ветер, од дожд и сл. Колибата е на завет. Запалив оган на завет. Седна во заветот зад една карпа.

завет 2 | м.

Ветување, заклетва, даден збор дека нешто ќе се изврши. Заветот што си го наметна на себеси беше строг. Не сакаше да го крши заветот.

заветен 1 | прид.

Што е заштитен од ветер, од дожд и сл. Заветно место. Заветни терени.

заветен 2 | прид.

Што е оставен како завет, како аманет. Овие деца се заветна песна на синовите. Тоа го навести во своите визионерски и заветни мисли.