злобник | м.

Тој што е злобен. Злобниците ги одврзаа јазиците. Некој злобник шири невистини за мене.

зловесница | ж.

Таа што навестува зло; злокобница. Во себе го слушаше сопствениот глас, глас на зловесница. Птица зловесница.

зловестен | прид.

Што навестува зло; злокобен. Зловесно претчувство.

злогласен | прид.

Што е на лош глас, што го бие лош глас. Злогласен разбојник. Злогласно место.

злокачествен | прид.

За болест – што е многу тешка, опасна за животот. Злокачествен тумор.