злонамерен | прид.
Што има зла, лоша намера. Злонамерно писмо. Злонамерна постапка.
злонамерник | м.
Тој што е злонамерен. Злонамерник е секој што ќе рече нешто против него.
злопамтило | м.
Тој што не простува и не заборава зло и наоѓа начин да врати со иста мера. Не сум злопамтило, но овој пат ги надмина границите.
злорад | прид.
злорадосен | прид.
Што се радува на туѓиот неуспех, на туѓата несреќа, што изразува радост поради тоа. Злорадосна сосетка. Злорадосна насмевка.
злост | ж.
злостен | прид.
злостор | м.
злосторен | прид.
злосторник | м.
Тој што прави злосторство, престапник. Кој на злосторникот му простува, злосторството го помага. Иако се прави чесен, тој е вистински злосторник.