завози | св.

Почне да вози; Го завози автомобилот иако немаше дозвола.

заворна | ж.

Лост или клинец со кој се осигурува врата да не се отвора; резе. Не можеше да ја тргне заворната од вратата.

завој | м.

Долга лента од газа или од платно што служи за преврзување и за заштита на повреден дел од телото; преврска. Левата рака му беше преврзана со бел завој. Во торбата секогаш носеше завои и лекови.

завојува | св.

Почне да војува; војува Големите сили повторно завојуваа на туѓа територија.

завојуван | прид.

Што се наоѓа во војна. Завојувани држави. Завојувани страни.

завојувач | м.

Тој што води освојувачка војна; освојувач. Тој бил прославен војсководач и завојувач.

заврагува | св.

Почне да врагува. Децата заврагуваа низ дворот.

завража | св.

Почне да вража;