заврагува | св.
Почне да врагува. Децата заврагуваа низ дворот.
завража | св.
Почне да вража;
завратен | прид.
Што е свиткан, пресвиткан. Завратени ракави. Завратени ногавици.
заврати | св.
Свитка, пресвитка нешто (обично дел од облека) за да стане покусо. Тој ги заврати панталоните и загази во водата. Ги завратила ракавите.
завратник | м.
Удар по вратот. Му удри еден завратник.
завратница | ж.
заврбува | св.
заврви | св.
Почне да врви; Околу ридот заврвија војници. По патот заврвија децата од училиште. Заврвија годините како вода.
заврвчи се | св.
Почне да се врвчи. Тие се заврвчија еден по еден како овци.
завргали се | св.
Почне да се вргали, да се џари; се