загние | св.

Почне да гние;

загниен | прид.

Што почнал да гние. Загниено јаболко.

загноен | прид.

Што е со гној, што има гној. Се вратил со загноена рана. Зинуваа и им се покажуваа црвените и загноени непца.

загнои | св.

Почне да гнои;

заговара | несв.

заговори.

заговор | м.

Тајно здружување за заедничко дејствување против некого или нешто со политички или со други цели. Дворјаните коваа заговор против кралот. Нема власт без буна и без заговор. Луѓето свикнаа на заговори и на штрајкови.

заговори | св.

Почне да говори; говори_1_2 Првпат сега заговорија на таа тема. Влезе директорот в училница и веднаш заговори.

заговорник | м.

Лице што учествува во заговор. Тој е опасен заговорник. Тие постојано нешто шушкаат, како заговорници.

заговорнички | прид.

Што се однесува на заговор. Заговорничко однесување. Заговорнички собири.

загои | св.

Почне да гои (обично за добиток);