заголне | св.

Касне малку, колку да се залаже дека не е гладен. Поткаснаа само малку, колку да заголнат душа.

заголта | св.

Почне да голта;

загон | м.

Мера за површина; дољум. Продаде два загони земја.

загони | св.

Почне да гони;

загорен | прид.

Што е изгорен, подгорен при варење или при печење; загори_2 Загорен шеќер. Пита со загорени краишта.

загори | св.

Почне да гори; гори Огнот полека загори.

Загорје | ср.

Област во Хрватска.