заглуши | св.

Со силен шум, врева и сл. направи да не се слушаат други гласови, звуци или да не се распознаваат. Неговите последни зборови ги заглуши аплауз. Нивните гласови ги заглуши истрел. Шумот од езерото не можеше да го заглуши звукот од камбаните.

заглушит | прид.

заглушувачки | прид.

Што е многу силен и може да заглуши; Заглушувачки истрел.

загмечи | св.

Почне да гмечи. Силно го загмечи грозјето.

загнаси | св.

Загади, извалка. Селаните ја загнасија реката. Кучето пак ги загнаси скалите.

загнезди се | св.

Направи гнездо; гнезди се. Една ластовичка се загнезди под нашата стреа.

загне се | св.

Се стрчне, се залета, јурне по/кон некого. Едно куче се загна по него. Излегоа на улицата и се загнаа да ги бркаат децата. Беше се загнал да го фати.

загнете | св.

Почне да гнете, да пика нешто. Таа ја загнете печката со ќумур.