загорчи | св.
Почувствува горчлив вкус од нешто. Зелкава ми загорчи. Јадењето му загорчило на детето.
загосподари | св.
Стане господар на нешто; завладее. Тој загосподари со целата земја.
загости | св.
Почне да гости некого. Ги загости пријателите со вино и ракија.
заготви | св.
Почне да готви; Заготвив вечера за децата.
заграб | м.
Нешто што може да се крене наеднаш со двете раце. Секој носеше по заграб дрва. Партизаните во заграби внесоа слама.
заграба | св.
Почне да граба; граба_2 Влегоа во куќата и заграбаа сè што им дојде при рака.
заграбадина | св.
Почне да грабадина; Тој заграбадина по патот.
заграби | св.
Зграби, зграпчи, зее нешто во заграб. Не можев да го заграбам купот партали. Тој заграби сено и им тури на маските.
заграбувач | м.
Тој што заграбува; Тој беше голем насилник и заграбувач.
заграда | ж.
ограда.