забанџија | м.

Лице што изработува забани. Тој беше прочуен забанџија во градот.

забар | м.

Лекар за болести на забите; заболекар, стоматолог.

забара | св.

Почне да бара; Војниците забараа јадење и пиење.

забарабани | св.

Почне да барабани; барабани. Забарабанил градскиот барабанџија и ја соопштил првата наредба.

забарикадира | св.

Обезбеди, заштити нешто со барикади. Тие го забарикадираа селото.

забарка | св.

Почне да барка; Децата забаркаа во големиот креденец.

забарство | ср.

Дел од медицината што се занимава со болестите и лекувањето на забите; стоматологија.

забаса | св.

Залута, заскита. Тој забаса во густата шума.

забат | прид.

забест.

забатали | св.

Запусти, занемари некого или нешто. Тој се затвори дома и ги забатали другарите. Се оддал на шетање и го забаталил школувањето.