забатачи | св.
Заглиби, загази во кал. Коњите забатачија во калливата земја.
забаца се | св.
забаса.
забацка (се) | св.
забашури | св.
забајан | прид.
Што е занесен, маѓосан од баење. Како забајан чекореше по снегот. Стоеше како забајана од некоја непозната молитва.
забајати | св.
Почне да бајати, да станува бајат. Го остави лебот да забајати.
забања | св.
Почне да бања некого; бања. Мајката само што го забања детето, тоа почна да плаче.
забега | св.
Почне да бега; бега Се отфрли на колена и забега надолу по улицата. Се сврте и пак забега низ ластунките.
забеган | прид.
Што претерал во нешто; Забеган човек.
забегне | св.