задими | св.
Пушти дим некаде. Оџакот задими.
задира (се) | несв.
задирка | ж.
задирлив | прид.
Што сака да се задира; Задирливи деца.
задишан | прид.
Што дише тешко и забрзано од умор, од возбуда и сл. Влезе внатре сиот црвен и задишан. Седеа во сеното малку задишени
задише | св.
Почне да дише слободно, без тешкотија. Малку по малку се ослободив и задишав со отворени гради. Тој ја распетла кошулата и задиши длабоко.
задлаби | св.
Почне да длаби; длаби Мајсторот задлаби со длетото по површината на дрвото.
задлабочен | прид.
Што е внесен, вникнат во нешто. Задлабочено внимание. Нè посматраше со задлабочен израз на лицето.
задлабочи | св.
задлаби_2
задник | м.
Долниот заден дел од телото на човекот; заден дел од животно; газ. Тој падна на задник наземи. Скокна како нешто да го боцнало во задникот. Го удираше магарето по задникот.