задека | сврз.

заден | прид.

Што се наоѓа одназад, одзади; спрот: преден. Се упати кон задниот дел од двориштето. Мечката се подигна на задните нозе. Заден џеб. Задна врата. Задно седиште.

задене | св.

Закачи, стави нешто во друго нешто. Рацете ги заденал во широкиот појас. Пиштолот му беше заденат за појасот.

задени се | св.

Почне да осамнува, да се разденува. Кога се задени убаво, тие тргнаа кон планината.

задере | св.

Почне да дере;

задиви | св.

Направи некој да стане како див; Ги задиви децата и сега не му доаѓаат.

задига | св.

Почне да дига. Тој ги задига рацете нагоре. Таа го задига фустанот и загази во водата.

задигла | ж.

Начин на везење, вид бод при везење.