закачлив | прид.
Закачлив поглед. Закачлива смеа.
закашка | св.
Извалка нешто. Ножот беше закашкан од маста.
закашла се | св.
Почне да кашла;
заквака | св.
За жаба – почне да квака; Од барата заквакаа жаби.
закваси | св.
Стави квас, квасец; Половината млеко го свари, а половината го закваси.
заквечери се | св.
Настапи квечерина; се смрачи. Чекав да се заквечери.
заквичи | св.
За свиња, куче – почне да квичи; квичи Песот болно заквичи.
заќелави | св.
Почне да ќелави. Најмалиот син заќелави уште млад.
закива | св.
Почне да кива. Закивав од правта.
закикоти се | св.
Почне да се кикоти. Се закикоти силно. Девојките се закикотија.