закима | св.
Почне да кима; Тој повторно закима со главата. Срамежливо закима со очите.
закине | св.
Почне да кине нешто на парчиња; кине Го закина писмото што го читаше.
закипри се | св.
Почне да се кипри; кипри се. Се закипри пред огледалото.
закисели | св.
Направи нешто да стане кисело; кисели. Салатата ја закисели со јаболков оцет.
закисне | св.
Натопи, наводени нешто; стави во вода да кисне;
закити | св.
Почне да кити; кити Тие ја закитија елката со лампиони.
заклава | св.
Почне да клава, да става нешто едно по друго. Заклава на масата разни јадења.
заклан | прид.
Што е со пресечена глава или грклан. Заклано прасе. Заклани пилиња.
заклања се | св.
Почне да се клања. Невестата се заклања.
закласи | св.
Почне да класи. Житата веќе закласија.