заблазни | св.
Изрази задоволство за нешто што му се случило некому (на соговорникот или на некој друг) обично со зборовите: блазе си ти, блазе тебе; блазе си му (ѝ), блазе нему (нејзе). Детето си спие спокојно и невино, да му заблазни човек. Другарките ѝ заблазнија на свршувачката.
заблеан | прид.
Што е загледан, зјапнат во некого или во нешто. Со отпуштена уста, заблеан во мене, не знаеше што да рече. Немееше толпата, заблеана по нив, долго и откако ги снема.
заблее | св.
Почне да блее; Одненадеж заблеа јагне и ме исплаши. Трипати заблеав како некоја овца.
заблеска | св.
Почне да блеска; Долгата сабја заблеска на сонцето. Солза му заблеска во очите.
заблескоти | св.
Почне да блескоти. Сонцето повторно заблескоти.
заблесне | св.
Блесне силно, одеднаш. Неговиот поглед заблесна како молња.
заблест | прид.
заблести | св.
Почне да блести. Заблестија преспите нерастопен снег. Му заблести светложолтата коса.
заблика | св.
Почне да блика; Од носот му заблика крв. Тој заблика од радост.
заблиска | св.
Почне да блиска. Заблиска со водата уште посилно.