забест | прид.

Што има големи заби. Забест момчак. Забести животни.

забец | м.

Остар издаден дел кај разни предмети (на чешел, на пила и др.). Под челичните запци на пилата стоеше наместен дебел трупец. Го извади долгото железно резе со остри запци.

забие | св.

Со удар или со притисок направи нешто да навлезе во друго нешто; забоде, закове. Никој не виде кога му го забија ножот во градите. Ќе забиеме кол в земја и ќе го врземе коњот.

заби се | несв.

За животно – покажува заби, 'ржи. Кучето му се забеше на војникот.

забит | м.

Турски воен старешина; офицер. Напред јаваа двајца бегови и еден забит. Забитот го извади пиштолот.

заблагодари (се) | св.

Изрази благодарност некому. Се сложил докторот, дури му (се) заблагодарил на советот. Тој им (се) заблагодари со поглед на присутните. Таа го ислуша и му (се) заблагодари.

заблажи | св.

Направи нешто да биде благо, слатко. Го заблажи чајот со мед.