забло | м.

Тој што има големи заби. Не сакаше да му викаат забло.

заблуда | ж.

Лажна, погрешна претстава или мислење за нешто или за некого. Се надеваа дека ова е само момент на заблуда. Тој бил жртва на романтичарски заблуди.

заблуден | прид.

Што е паднат во заблуда, што е грешен, измамен. Ни ја изнесуваше биографијата на заблудениот другар. Сите се прогонети, несреќни и заблудени.

заблуди | св.

Доведе некого во заблуда; измами, излаже. Биле заблудени од водните духови. Ќе најдам начин како да го заблудам.

забобол | м.

Болка предизвикана од болен заб. Го мачеше страшен забобол. Забоболот му отчукуваше во ушите и во дамарите.

забоботи | св.

Почне да боботи. Машините силно забоботија.

забогати (се) | св.

Стане богат. Ме праша како (се) забогатив. Едни осиромашија, други (се) забогатија.

забоде | св.

Почне да боде; боде_1_2 Тој ги забоде воловите со стапот и ги потера.