залажувачка | ж.
залази | св.
Почне да лази, да ползи; лази. Детето залази по подот. Низ тревата залазија црвеникави бубачки.
залак | м.
Парче леб што наеднаш се става в уста, се џвака и се голта; касај. Одвај го голтна последниот залак. На секој залак испиваше чаша вино. Си пикаше големи залаци во устата.
залангур | м.
Скитник, уличар. Тој е чорбаџиски син, а не залангур.
залапа | св.
Почне да лапа, да јаде лакомо. Тој залапа од месото. Тие залапаа од мезето.
заласкоти | св.
Засвети, заблеска.
заластари | св.
За лоза – почне да пушта ластари. Лозата заластари.
залафи (се) | св.
залеби | св.
За жито и сл. – фати леб, заврзе плод. Житата залебија.
залебнат | прид.
Придушен, што е без здив (од плачење и др.). Залебнат глас. Залебнато блеење.